еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска сончево и студено

Синоптичарите за денеска најавуваат студено утро, а преку ден сончево со мала до умерена облачност.

Зголемена облачност ќе има во североисточните делови од државата. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој наместа долж Повардарието ќе биде повремено засилен од северозападен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -16 до -3, а максималната од -2 до 7 степени.

Во Скопје, претежно облачно и студено со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до два степена.

Во следните два дена ќе се задржи стабилно и суво време со пораст на утринските и дневните температури. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, особено изразен во сабота.

Во петок кон крајот на денот и во деновите од викендот ќе има повремени слаби локални врнежи од снег.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мерсиха Смаиловиќ: Користењето на погрешни термини за масакрот во Нов Зеланд е поддршка на тероризмот

Редакција

(Видео) Сирените на брзата помош „ечеа“ во Охрид од почит кон Дијана Димоска и жртвите на Ковид-19

Редакција

Д-р Даниловски со радикален предлог: Директно изложување на омикрон на вакцинираните или прележаните под 50 години за побрзо справување со новата мутација

Редакција