Од денеска на потрагата по детето Петар Џобоски се приклучи и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), информираат од таму.
„Во потрагата се ангажирани седум припадници на ДЗС од кои четири од Тимот за брз одговор за спасување од планини од ПОЗС – Битола, еден припадник од Тимот за спасување од високи објекти од ПОЗС – Прилеп и двајца вработени од Секторот за оператива и логистика,“ се вели во соопштението.
10-годишниот Џобоски веќе неколку дена е исчезнат во мариовскиот крај, а во неговата потрага учествуваат 100 полицајци, граѓани, спасувачки екипи од Прилеп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Над 100 полицајци, хеликоптер, доброволци во активна потрага по Петар Џобоски
Фото: ДЗС
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.