еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

ОН бара да нема казна за уредничката која влета во етерот на руска телевизија со транпарент за војната во Украина

Руските власти да се погрижат демонстрантката која „влета“ во телевизиската програма да не биде казнета, бидејќи таа само го искористи своето право на слобода на говор, повикаа Обединетите нации денеска.

Според денешното соопштение на Кремљ, прекинувањето на вестите на рускиот државен канал за да се осуди војната во Украина, се сведува на „хулиганство“.

Невладината организација ОВД-Инфо, која ја претстави демонстрантката како Марина Овсијаникова, вработена во тој медиум, соопшти дека таа е приведена во полициска станица.

Овсијаникова се појави во синоќешната информативна емисија „Времиа“ на првиот канал, што секојдневно ја следат милиони Руси.

Додека водителката Екатерина Андреева читаше вести, Овсијаникова се појави зад неа со транспарент со напис „Не за војната. Не верувајте ѝ на пропагандата. Овде ве лажат“. Можеше да се види и „Русите се против војна“.

Водителката продолжи да чита вести неколку секунди, а потоа мрежата премина на репортажа и се прекина директниот пренос од студиото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е уредничката која упадна со транспарент против војната во Украина во етерот на руска телевизија

(Видео) “Јас ја спроведував пропагандата на Кремљ и се срамам од тоа“: Пред да се појави во етер руската уредничка снимила видео порака

(Видео) „Не верувајте во пропагандата, ве лажат за војната„: Уредничка во руска телевизија упадна во етер со транспарент

МИА/Фото: Фејсбук/Овсијаникова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рашковски оди во куќен притвор

Редакција

Државните ревизори утврдија дека во СЈО се делеле додатоци на плата спротивно на регулативата

Редакција

Народна банка повторно ги зголеми каматните стапки

Редакција