еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривичен издаде наредба: Зеќири да биде спроведен со полиција

Судија на претходна постапка, од Кривичниот суд – Скопје, издаде наредба до надлежната полициска станица за спровод на Мухамед Зеќири, кој денеска објави дека дава неотповиклива оставка од позицијата генерален секретар на Владата.

– По добивање на предлогот, во Законски предвидениот рок судија на претходна постапка, согласно одредбите од ЗКП издаде наредба до надлежната ПС за спровод на осомничениот и тоа на единствената адреса посочена во предлогот.

Откако, осомничениот ќе биде изведен пред судијата и ќе се произнесе во однос на предлогот на Јавниот обвинител ќе биде изготвено решение за кое странките и јавноста ќе бидат благовремено известени, велат од Кривичен суд – Скопје.

Основното јавно за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор против Зекири заради постоење основано сомнение за сотрено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

До Антикорупциска нема пристигнато никаква пријава за Мухамед Зекири, вели Ивановска

Рускоска за истрагата за Зекири: Имаме податок каде се парите

Мухамед Зекири си поднесе оставка од функцијата генерален секретар на Владата

Отворена истрага за генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири, се бара притвор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавила Мери Дика Георгиевска, која стана претседател на Апелациониот суд

Редакција

Убава вест: Оздравени 119 болни од Ковид-19

Редакција

Четири сценарија по отфрлањето на Договорот за Брегзит

Редакција