Преку ЦУК-Тетово во СВР Тетово вчера во 17 часот и 30 минути, Ф.Н.(24) од Куманово пријавил дека движејќи се со уште едно лице, негов пријател, кон Титов Врв, околу половина километар пред да се искачат, другото лице паднало од карпа во бездна и се повредило, но дека поради непристапниот терен и маглата Ф.Н. не можел да види за какви повреди станува збор и практично да му помогне.
Набргу по пријавувањето, соопштија денеска од МВР, била организирана спасувачка потрага по двете лица во која учествувале екипи на МВР, ЦУК, СВР Тетово, ТППЕ Тетово и други лица, кои со специјални теренски возила и хеликоптер се упатиле на посоченото место.
– По извесно време спасувачките екипи го пронашле Ф.Н. и го пренеле во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, a двајца припадници на МВР се повредиле во акцијата.
Второто лице денеска (9 ноември) претпладне беше пронајдено починато и со хеликоптер на МВР беше извлечено од местото каде паднало вчера, се појаснува во соопштението.
Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршија увид и се расчистува и документира случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: ЦУК