еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Денеска дојави за бомби во МНР, ГТЦ и неколку училишта во Скопје

Дојави за поставени бомби пристигнале изутринава во Министерството за надворешни работи, до Градскиот трговски центар и до неколку средни училишта во Скопје.

– Информираме дека до Министерството за надворешни работи преку електронска пошта пристигна информација дека во зградата се поставени експлозивни направи. Министерството веднаш ги извести соодветните служби во МВР, по чии насоки заградата е веднаш евакуирана.

Соодветно на безбедносните протоколи, штом се создадат соодветни услови, вработените ќе се вратат на работа, соопштија од МНР.

Дојави за поставени екплозивни направи пристигнале и до ГТЦ, гимназиите „Јосип Броз- Тито“, „Орце Николов“ и „Никола Карев“.

Екипи на МВР веќе се на терен и преземаат активности за проверка на објектите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дојави за бомба и во Ист гејт и кулите на “Џевахир“

Дојава за бомба и во основно училиште во Кавадарци

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во пандемија се зголемуваат часовите кога нема вода за пиење и хигиена во Тетово

Редакција

(ВИДЕО) На аеродромот во Скопје пристигнаа останките на загинатите во автобуската несреќа

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 24 пациенти, а вкупно се лекуваaт 306

Редакција