еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Неприфатливи се изјавите на европратеникот Џамбаски за Пендаровски и територијалните претензии, вели евроамбасадорот Гир

Евроамбасадорото Дејвид Гир ја осуди изјавата на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски во врска со територијалните претензии и ја оцени како неприфатлива.

Во врска со неодамнешните изјави на европратеникот Џамбаски за територијални претензии, амбасадорот Гир потсети дека и Европскиот парламент и бугарското МНР се оградија од овие изјави. Тој подвлече дека таквите тврдења не ја претставуваат и не можат да ја претставуваат ЕУ.

За вчерашните забелешки кон претседателот Пендаровски, кои може да се протолкуваат како закана, амбасадорот Гир истакна дека тоа апсолутно не го претставува ставот на ЕУ.

„Тоа не ги одразува вредностите на кои е основана ЕУ. Неприфатливо е јавна личност да дава вакви забелешки за кој било, а камоли за демократски избран шеф на држава на суверена држава,“ се вели во пишаната изјава од евроамбасадорот Гир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНР ја осуди изјавата на Џамбаски, му порачаа на Пендаровски да реагира кај Радев

Кабинетот на Пендаровски за изјавите на Џамбаски: Ставовите на претседателот беа дадени по Советот на безбедност, надлежностите сега се кај Владата

Џамбаски доаѓа во Скопје на 4 февруари и му се закани на Пендаровски со атентат

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Друштво ќе му прави и Мукоски: Џафери ќе ја предводи државната делегација во Рим во чест на св. Кирил

Редакција

Почина Амди Бајрам

Редакција

„Линк медиа плус“ го доби тендерот за новогодишно украсување на Скопје „тежок“ 260.000 евра

Редакција