еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Комисијата за стручен надзор не открила пропусти во лечењето на шестгодишната Јана од Битола

Комисијата за стручен надзор за случајот со лекувањето на шестгодишната пациентка Ј.Х. во Клиничка болница Битола, констатираше дека според анамнезата, клиничкиот преглед и работната дијагноза, се преземени соодветни чекори во однос на анализи, третман и опсервација на пациентката, информираат од Министерство за здравство.

„Од анамнезата има податок за прележан ковид пред шест месеци. По направените лабораториски анализи наодите укажувале на мускулно-воспалителна реакција со покачени вредности на креатин киназа и креатин киназа MB, во рамки на вирусен инфект кој го зафатил и срцевиот мускул со покачена вредност на срцевиот ензим-тропонин.

По влошување на состојбата, заклучок на Комисијата е дека се преземени потребните чекори, согласно медицина базирана на докази и клиничката слика на пациентката.

Комплетниот извештај од Комисијата за стручен надзор ќе биде проследен до Јавното обвинителство,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не се констатирани недостатоци при лекувањето и третманот на шестгодишната Јана, велат од ДЗСИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бандера за струја во едно село близу Благоевград е „адресата“ на илјадници Македонци со бугарски пасош

Редакција

Викендов локални поројни врнежи, ветер, грмежи и град

Редакција

На меѓувладината седница во Софија потпишани неколку договори, меѓу нив за железничкиот Коридор 8 и директната авиолинија

Редакција