еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Во Германија денеска почнува најголемата воена воздушна вежба во историјата на НАТО

Најголемите воздушни маневри во историјата на НАТО започнуваат денеска во германскиот воздушен простор со двонеделна вежба во која учествуваат околу 10.000 војници и 250 авиони од 25 земји, јави ДПА.

Предводена од германскиот Бундесвер, вежбата ќе трае до 23 јуни и има за цел да вежба одбивање на фиктивен напад на агресор од исток.

„Тоа ќе биде демонстрација на сила со цел да се покаже единството на сојузниците и да се импресионираат потенцијалните противници, како што е Русија“, изјавија минатата недела германски и американски претставници, при најавувањето на вежбата.

Вашингтон испраќа 2.000 припадници на американската Национална гарда и околу 100 авиони да учествуваат на оваа обука.

„Ова е вежба која ќе биде апсолутно импресивна за секој што ја гледа, а ние не присилуваме никого да ја гледа. Тука мислам и на рускиот претседател Владимир Путин,“ изјави американската амбасадорка во Германија, Ејми Гутман.

Таа појасни дека вежбата без сомнение ќе ја демонстрира „агилноста и брзината“ на сојузничките сили и дека би била прилично изненадена доколку некој светски лидер не забележи што покажува тоа во однос на духот и силата на НАТО алијансата.

Шведска, која се надева дека ќе се приклучи на алијансата, и Јапонија, исто така, учествуваат во вежбите предводени од Германија.

Вежбата „Ер Дефендер 23“ (Air Defender 23) започнува денеска, со 10.000 учесници и 250 авиони од 25 земји. Вежбите се дизајнирани да симулираат одговор на напад врз земја-членка на НАТО.

Иако маневрите се одвиваат додека беснее војна меѓу Русија и потенцијалниот кандидат за НАТО Украина, официјални лица од германските воздухопловни сили рекоа дека идејата за вежбата датира од 2018 година, пред почетокот на целосната инвазија на Русија на Украина во 2022 година.

Три области во воздушниот простор на државата ќе бидат засегнати од маневрите: делови од северна Германија и Северното Море, делови од источна Германија и Балтичкото Море и делови од југозападна Германија.

МИА/Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Курц: Гласајте „за“ договорот и „за“ европска перспектива на Македонија

Редакција

Минималната синдикална кошничка за декември 51.235 денари

Редакција

Со претходни заболувања, едно лице имало контакт со потврден случај, детали за новопочинатите од корона вирусот

Редакција