еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Во Лепенец се удави брачната двојка Пацоли од Косово и нивниот 16-годишен син, преживеа постариот син: Сите детали

Во близина на местото каде што нивниот автомобил БМВ излета во надојдената и матна река Лепенец вчера беа пронајдени беживотните тела на тројцата членови на фамилијата Пацоли од Косово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Телата на трите члена од семејството од Косово, пронајдени во Лепенец

Се работи за 16-годишниот син, Ермал, 60-годишниот татко, Наим и 48-годишната мајка, Мерита Пацоли.

Несреќата ја преживеа 21-годишниот син, Шкелзим Пацоли, кој моментално е во шок во градската болница „8 Септември“ и е со полесни повреди.

Како дојде до несреќата?

Според информациите кои ги објавија македонските институции косовското семејство возело во колона автомобили, а нивниот автомобил имал судар со „Фолксваген туран“ со скопски таблички, кој според Обвинителството ја претекнувал целата колона.

Возачот на „Фолксваген туран“ (64), по наредба на јавен обвинител е лишен од слобода и е задржан за понатамошно постапување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Побаран притвор за скопјанецот кој се судри со возилото кое падна во Лепенец по што се удави фамилија од Косово

(Видео) Семејство од Косово исчезна во реката Лепенец, се спаси само едниот син

Фото: Фејсбук/Беџет Пацоли

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Употребата на социјални медиуми ќе се регулира со стратегиите за дигитализација и за медиуми, најави Ковачевски

Редакција

Уапсен поранешниот шеф на кабинетот на Сашо Мијалков, Тони Јакимовски

Редакција

Макпетрол ја зголеми добивката за 42,71%

Редакција