еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Вредноста на две компании на внукот на Ахмети, Дрин е околу 8 милиони евра

Порталот МКД објави дека вредноста на две компании на Дрин Ахмети, внукот од брат на лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети е околу 8 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Дрин Ахмети, внукот на Ахмети кој ќе поседува 39% од „Соравиа„

„Во 2021 годиа Тор индустрис (Thor Industries) немаше приходи, но истата година имаше значајна инвестиција. Во 2022 година оперативниот профит на Тор индустрис беше 367.943 евра.

Компанијата Еверест ЏД имаше 5 милиони евра проценета вредност на концесија, а компанијата Потам плент (Potam Plant) со хидроенергетскиот проект во 2022 имаше проценета вредност на инвестиција од 400 илјади евра.

Вредноста на средствата на Еверест ЏД и Тор индустрис е меѓу 7,5 и 8 милиони евра. Ангажирана е компанија за проценка на вредноста на средствата и наскоро ќе ја имаме и официјалната проценка за вредноста која веднаш ќе ја објавиме“, велат од Тор индустрис за МКД.

Како што е познато како сопственик или косопственик, Дрин Ахмети е прустен во четири компании, кои имале 30 вработени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Две фирми на внукот на Ахмети добиле над 80 илјади евра од Фондот за иновации и технолошки развој

Каков имот пријавил Али Ахмети

Фирмата на внукот на Ахмети лани имала добивка од околу 60 илјади евра

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија 2025 објави повик за компании за користење на бесплатна експертска поддршка од канадски советници

Редакција

(Фото) Драчево го доби 12. по големина крст во светот

Редакција

(Видео) „Фиќо“ против тенк: Победата на Македонија над Германија инспирација за анимиран филм

Редакција