еМагазин
Image default
Македонија

СЈО отвори 81 нова предистражна постапка: Иницијативата за гонење главно од надвор

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите го објави извештајот за периодот 15 март-15 септември 2018. Во текот на извештајниот период отворена е предистражна постапка за за 81 предмет.

„Од нив 14 предмети се формирани по сопствена иницијатива, а 67 предмети се формирани врз основа на пријави од други подносители. Вклучувајќи ги претходно отворените 182 активни предистражни постапки во ова Јавно обвинителство, од кои по сопствена иницијатива се формирани 128 предмети, во моментот се во работа вкупно 263 предистражни постапки. Од овој број на предистражни постапки решени се вкупно 101 предмети, од кои 81 предмет се формирани врз основа на пријави од други подносители, а 20 предмети формирани по сопствена иницијатива се затворени“, информираат од СЈО.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев го тужи новинарот Божиновски за клевета

Редакција

За три дена на граничните премини и на аеродромите ќе има табли со Република Северна Македонија

Редакција

Фудбалската федерација на Македонија треба да го промени името, вели Заев

Редакција