И шест дена по нападот со автоматска пушка на градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими, нема осомничен или осомничени за истиот.
Дветте лица кои беа приведени поради претпоставки за поврзаност, немаат ништо со нападот, изјави вчера министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Едниот е пуштен, а вториот пак се борел во странска војска и е опфатен со друга истрага за друго кривично дело.
Во нападот како што е познато беа повредени две лица, вработени во Општината, кои завршија во болница и истите се во стабилна состојба, а медиумите на албански јазик објавија и нивни фотографии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се повредените при нападот на градоначалникот на Арачиново
Поради третиот напад на Ибраими, Општината не работеше неколку дена, а во дворот на истата има полициско обезбедување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како е нападнат градоначалникот на Арачиново, напаѓачот не е идентификуван
Кој е Ридван Ибрахими, градоначалникот на Арaчиново, во кој беше пукано
Фото: Фејсбук/Ибраими