еМагазин
Image default
Македонија

Пак ќе може да биде градоначалник: Казната на Стојчев за шверц на цигари од 18 намалена на 6 месеци

Казната за шверц на цигари на градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев е намалена од 18 на 6 месеци.

Апелацискиот суд во Штип ја прифати жалбата на неговата одбрана, а намалување на казната затвор добија и неговиот син и внук, како и петтообвинетиот во овој случај.

Во истиот случај беше осудена и сопругата на Стојчев, со условна казна во траење од две години.

Пред неколку месеци Стојчев беше фатен како шверцува 3.300 штеки цигари преку македонско – бугарската граница.

Според Законот за локална самоуправа, по отслужување на казната затвор тој ќе може да се врати на градоначалничката функција.

Во член 54 од Законот стои дека мандатот на градоначалникот му престанува ако е осуден на казна затвор над шест месеци.

Фото: Фејсбук/Стојчев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ почнала постапка за исклучување на градоначалникот на Ново Село, Стојчев од партијата

Македонците не пијат нафта: Со кој памет му простивте на градоначалникот-шверцер?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Објавен составот на македонско – грчкиот комитет на експерти кои ќе работат на историски и образовни прашања

Редакција

Бугарија била државата која најсилно ја поддржува европската интеграција на Македонија и Албанија, изјави Генчовска

Редакција

54% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина

Редакција