еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Пак се јавил само Визер: Повторно поништен повикот за субвенционирање на авиокомпании

Министерството за транспорт и врски повторно го поништи јавниот повик за финансиска поддршка на авиокомпании кој што беше објавен на 13 септември годинава.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска на прес-конференција во Владата, информираше дека до крајниот рок е доставена само понуда од Визер, но таа не одговара со условите и критериумите во тендерот.

Авиокомпанијата Визер доставила понуда во која сите четири дестинации од аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, планира да ги воведе во август 2019 година што е спротивно на еден од критериумите во тендерот.

– Во повикот јасно стои дека авиокомпанијата има обврска до 10 јануари 2019 година да воведе две линии од аеродромот во Охрид и уште две во рок од една година од потпишувањето на договорот.

Авиокомпанијата Визер понудила сите четири дестинации да ги воведе во август 2019 година. Поради ова, комисијата констатираше дека условите од јавниот повик не се исполнети и даде препорака овој јавен повик да се поништи. Оваа фактичка состојба не ми остава никаква друга можност освен доследно почитувајќи ја  уредбата и јавниот повик повторно да ја поништам и оваа постапка, нагласи Сугарески.

Тој додаде дека Владата останува доследна на мерката за финансиска поддршка за авиокомпании кои ќе понудат нови дестинации за македонските граѓани и оти средствата за субвенционирање се веќе предвидени во буџетите.

Министерот информира дека по итна постапка ќе достави до Владата информација со која во најкраток рок ќе се усвои неопходната уредба и веднаш потоа Министерството за транспорт и врски ќе објави нов јавен повик.

– Критериумите и условите нема да ги менуваме, тие ќе бидат исти како и на претходниот јавен повик, истакна Сугарески.

Тој нагласи дека нема никаква тенденција во поништувањето на тендерот и ги отфрли шпекулациите дека тендерот се мести за Air Albania.

Досега се објавени два јавни повици и двата беа поништени. На двата повика понуда достави само компанијата Визер.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пак се прават анализи за национален авиопревозник, иако претходните покажаа дека не треба да има

Ќе останеме ли без Виз ер?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Блокиран целиот имот на Трифун Костовски

Редакција

Печатница „Киро Дандаро“: Незначителен пожар и без последици

Редакција

Срамота за Водици: Следниот пат со пиштоли по крстот во „духот на христијанството“

Редакција