еМагазин
Image default
Македонија

Ахмети: Ги повикувам пратениците на опозицијата да ни се придружат понатаму во процесот, нема назад

Лидерот на Демократската унија за интеграција-ДУИ Али Ахмети се заблаодари за поддршката за пристапување кон уставните измени во, како што вели, овие одлучни времиња.

– Изразувам исклучителна благодарност и за 80-те пратеници кои гласаа „за“, додека тие што сакаа да гласаат за, но не ја најдоа потребната храброст да одлучат исправно синоќа, ги повикувам да ни се придружат во понатамошните постапки за заокружувањето на овој процес, истакнува Ахмети.

Вели дека ова е првичен успех до кој се дошло со работа во тешки околности изминатите недели и дека тие се избрани за да носат храбри и важни одлуки, а не да калкулираат за следни избори и следен мандат.

– Нашиот пат кон НАТО и ЕУ е еднонасочен, враќање назад нема. Тие 80 пратеници што гласаа „за“, но и тие коишто се воздржаа од гласање, знаат многу добро дека само овој пат ни носи стабилен мир, добри меѓуетнички и добрососедски односи, системски реформи, правна држава и владеење на правото, еднаквост и заокружување на Охридскиот договор, економски развој, повеќе работни места, странски и домашни инвестиции и општествена благосостојба. Нашите пријатели од меѓународната заедница се рамо до рамо со нас на овој пат, за да ја направиме Македонија европска, наведува лидерот на ДУИ и пратеник во Собранието.

Ја повика и опозицијата да се построи, како што вели, „на исправната страна на прогресот и евроатлантската определба, без задоцнување и понатамошни калкулации“.

– Одмор нема. Уште од денес продолжуваме со работа за да го заокружиме овој процес. Само заедно сме посилни, додава Ахмети во изјавата по повод изгласаната поддршка за пристапување кон измени на Уставот.

МИА/Фото:Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стартува промената на Уставот: Која е процедурата понатаму

Почнуваат уставните измени: Добро утро, Северна Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стопирани вработувањата по етнички клуч, Уставен го „замрзна“ балансерот

Редакција

Најмногу во Скопје: Нови 20 случаи на заразени со коронавирусот

Редакција

Повторно сме на мета на партиските игри, велат од МКЦ по смената на директорот

Редакција