Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Василевски, кој гласаше „за„ старт на промената на Уставот, што е предвидено со договорот за името со Грција, за телевизијата ТВ 21, вели дека гласал со чиста мисла и храброст.
„Јас со чиста мисла и со храброст и со сите аргументи, одлучив Македонија да го има единствениот пат кон евроинтеграциите. Иднината за нашите семејства, за нашата држава и за нашите перспективи како Република Македонија, еднаш засекогаш да ставиме крај на поделбите меѓу патриоти и предавници, меѓу Македонци и Албанци. Ние сме едно семејство, кое треба да чекори заедно кон ЕУ и НАТО интеграции, со полна поддршка на нашите пријатели од Вашингтон“, вели Василевски за ТВ 21.
Тој е еден од обвинетите пратеници за настаните во македонското Собрание од 27.април.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе има ли смена на Христијан Мицкоски?
Нола Исмајлоска-Старова: Не се каам што гласав „за“ и не сум загржина за својата безбедност
Што ги предомисли пратеничките на ВМРО-ДПМНЕ, Александрова и Исмајловска да гласаат „за“
Фото: Собрание