еМагазин
Image default
Македонија

Грчките медиуми: „“Исчезнат“ поранешниот премиер на Скопје“

„ПЈРМ: Се бара Н. Груевски – потерница за поранешниот премиер“; „Потерница за Груевски во ПЈРМ“; „„Исчезнат“ поранешниот премиер на Скопје“; „Никола Груевски недостапен за органите на прогонот“; „Потерница по Никола Груевски“, се дел од насловите во електронските изданија на грчките медиуими за издадената национална потерница за пораншениот македонски премиер Никола Груевски, јави дописничката на МИА од Атина.

Речиси сите онлајн медиуми во Грција ја пренесоа веста објавена од грчката новинска агенција АНА-МПА.

-Недостапен за органите на прогонот во ПЈРМ беше до раните утрински часови, поранешниот премиер на земјата Никола Груевски, за кого полицијата издаде потерница за издржување на двегодишна казна затвор, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА на почетокот од текстот.

Дел од грчките медиуми, веста за издадената потерница за поранешниот македонски премиер ја објавија и во синоќешните централни изданија на вестите.

Грчките медиуми потсетуваат дека Никола Груевски беше 10 години премиер, а 14 години лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски „се бара„ и на Твитер: „Крсто му ја отворил вратата на Грујо за да избега!“

Знаат ли безбедностите служби каде е Груевски?

Никола Груевски не е во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ велат од партијата, за да полицијата провери и треба налог

Што го чека Груевски во затвор: Туширање еднаш неделно, наутро треба да си го мести креветот, да прави генералка на собата во сабота…

Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 2.322 болни од Ковид-19

Редакција

Злоупотреба во Охрид: Четири малолетнички објавувале „обработени“ фотографии од врснички со недолична содржина

Редакција

Османи: Со Димитров немавме суштински разлики во процесот, туку во работната дисциплина

Редакција