еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Водечките светски медиуми го анализираат „големото бегство“ на Никола Груевски

„Би-би-си“, „Њујорк тајмс“, „Телеграф“ се само дел од водечките светски медиуми кои излегоа со стории и анализи по повод „големото бегство“ на експремиерот на Македонија, Никола Груевски во Унгарија.

„Би-би-си“ пишува дека е мистерија како Груевски стигнал во Унгарија и се навраќа на скнадалот со прислушувањето кој беше главна причина за смената на власта во Македонија. Во сторијата се потенцира дека унгарските власти освен што потврдиле дека тој се наоѓа во земјата не откриваат како стигнал дотаму.

„Њујорк тајмс“ пишува дека Груевски бара политички азил во Унгарија за да избегне одлежување на затворска казна во Македонија. Во весникот се укажува дека унгарскиот премиер Виктор Орбан бил непријателски расположен за бегалците кои бараат заштита од војна и убивање и дека за нив Унгарија поставила жичана ограда долж границата со Србија и дека затоа е чудно што му се дозволува престој на Груевски.

„Телеграф“ пишува дека Унгарија е обвинета дека ги прекршува сопствените имиграциски правила со тоа што му дозволила престој на Груевски. Во текстот се нагласува дека Груевски е добар пријател со Орбан и се пренесува мислење на аналитичари кои велат дека унгарската полиција треба да го врати Груевски во Србија од каде што и влегол во Унгарија.

„Тоа им се случува на сите мигранти кои не се екс-премиери“, се вели во текстот.

Фото: Фејсбук/Никола Груевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мапа на „големото бегство“ на Груевски низ Балканот

Премиерот Заев со киднапирањето и амнестијата му го зема приматот на Груевски во медиумите

Костадинов: Се сомневаме дека Мицкоски учествувал во организацијата на бегството на Груевски

Заев: Груевски ќе биде вратен исто како Санадер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ципрас: Северна Македонија, која се роди денес ќе биде земја пријател

Редакција

Формирана шпанската Влада, се отвора патот за ратификација на протоколот за влез на Македонија во НАТО

Редакција

Договор за добрососедство со Бугарија или завршница на Балканските војни

Редакција