Во недостаток на официјални информации од македонските, но и од унгарските власти регионалните и европските медиуми продолжуваат со шпекулации за бегалецот Никола Груевски, поранешен македонски премиер, сега пратеник.
Бугарски и унгарски медиуми неофицијално објавија дека можеби Груевски не е повеќе во Унгарија и дека е во Русија или Турција, а други медиуми го споменуваат неофицијално и Азербејџан како можна дестинација.
ИМА ЛИ И ТРЕТ ПАСОШ?
И понатаму останува мистерија како Груевски се движи. Дали користи само лична карта или има и трет пасош со некаков друг идентитет. Неговиот личен и дипломатскиот пасош му се одземени.
Доколку летал од Белград со приватен авион, како што објавија медиумите, тоа нема да можел да го направи со лична карта. Иако станува збор за приватен лет пасошката контрола е задолжителна.
Бугарските и српските власти, потврдија дека тој нема бугарски или српски пасош.
Познато е дека од Албанија, според тамошните власти, излегол со лична карта со дипломатско унгарско возило, која ја користел за влез и излез во Црна Гора, повторно движејќи се со унгарско дипломатско возило, како што пишуваа црногорските медиуми, повикувајќи се на полициски извори.
Не е познато каде и кога влегол во Албанија, а претпоставките на албанската полиција се дека тоа го направил влегувајќи пешки во земјата, најверојатно нелегално, а поради немање на никакви официјални информации од Србија, не е познато и што се случува со него откако ја напуштил Црна Гора.
Новина и наводната белоруска врска која му помогнала на Груевски да стигне до Унгарија.
МОЛК ОД МАКЕДОНСКИТЕ ВЛАСТИ
Од македонските власти се уште нема информации како и кој му помогнал на поранешниот премиер да избега од Македонија.
Во Министерството за внатрешни работи се водат две истраги, а предистражна постапка отвори и Јавното обвинителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Можат ли камерите на граничните премини да откријат од каде пребегнал Груевски?
Зошто Србија молчи за бегството на Груевски?
Мапа на „големото бегство“ на Груевски низ Балканот
За сега единствен „виновен“ за бегството на Груевски е Орбан, наскоро ќе биде и Путин
Фото: ВМРО ДПМНЕ