еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Села за Законот за амнестија: На 27 април ме убија еднаш, сега ме убиваат повторно

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, кој се здоби со најсериозни повреди за време на насилството во Собрание денеска не гласаше за донесување на Законот за амнестија за обвинетите настаните во Парламентот од 27 април лани.

Тој пред гласањето ја напушти седницата.

„На 27 април речиси ме убија, но се спасив. Сега ме убиваат по вторпат, изјави Села претходно од Собранието од салата во која за малку ќе го загубеше животот.

Порача дека неможе да има мир со злосторници, категорично е против законот и смета дека оние кои ги отвориле вратите на Собранието на 27 април треба да одговараат, а не да се шетаат слободно.

„Ова ли е правна држава, што ја градиме ние?“, рече Села.

Фото: Фејсбук/Села

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Едногласно, со големо мнозинство од 95 гласа ЗА, донесен Законот за амнестија

Куновска ги „подбра“ Шеќеринска и Заев: Кусо паметење за ставовите за амнестијата

Постигната согласност: За кои лица ќе има, а за кои нема да има амнестија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Антонио Јолевски, новиот претседател на Советот на јавни обвинители

Редакција

Штип и Ресен со најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

Средба на Османи со украинскиот колега Кулеба: Русија да се врати на принципите на ОБСЕ, страдањето на цивилното население е недозволиво

Редакција