еМагазин
Image default
Македонија

Избеганиот Груевски доби адвокат од државата и за „Траекторија“, СЈО побара уште еден притвор за него

Судењето за предметот „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) продолжува на 30 јануари за адвокатот по службена должност на обвинетиот Никола Груевски да може да се подготви за предметот.

Судот претходно го прифати барањето на СЈО и одреди мерка притвор за обвинетиот Никола Груевски од денот на неговата достапност за органите на прогон.

На почетокот на рочиштето Лиле Стефановска од СЈО побара мерка притвор за обвинетиот Никола Груевски, кој е во бегство и не е достапен на органите, додека неговиот адвокат по службена должност реагираше на ваквиот предлог и побара да биде отфрлен како неоснован.

Судијата Горан Бошевски на почетокот констатираше дека адвокатите на Никола Груевски го откажуваат полномошното и му назначи адвокат по службена должност.

Адвокатот по службена должност на Никола Груевски побара денешното рочиште да биде одложено за да може да се подготви за рочиштето поради обемноста на предметот.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Државата му додели адвокат на Груевски за „ТНТ“, од рочиште ќе не чини 1.500 денари

(ВИДЕО) Со Груевски во Будимпешта ручал вработен во Царинската управа

40 дена штама за бегството на Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче со коментар за Шведска: Дискутабилно е дали може да се препорача како добар модел

Редакција

Јанева во анкетниот лист пријавила дека купила половно возило

Редакција

Сведок на судењето за „Таргет-Тврдина”: Во УБК во 2012 имаше четири уреди за следење на комуникации

Редакција