еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Атина пред „експлозија“: Масовни протести и контрапротести за името, 1.500 полицајци, дронови и хеликоптери

Во пресрет на ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент, атмосферата во Грција е особено вжештена.

Закани преку телефон до пратениците кои го поддржуваат решението меѓу Македонија и Грција, плакати со нивни фотографии од една страна, протест против договорот во центарот на Атина од друга и кампања од владата за промоција на Договорот од Преспа од трета страна.

За 14 часот по локално време е закажан протестот на плоштадот Синтагма, пред грчкиот Парламент против Договорот од Преспа под слоганот „Македонија значи Грција“, организиран од т.н. „Комитет за борба за грчкиот карактер на Македонија“, јави дописничката на МИА од Атина.

Очекувањата на организаторите кои нивната кампања против Договорот од Преспа ја водат во најголем дел преку социјалните мрежи, се дека денеска на Синтагма масовноста ќе биде поголема во однос на минатиот протест одржан во февруари минатата година, а преку видео спот ги повикуваат сите Грци „да излезат пред грчкиот Парламент за да го поништат предавничкиот договор од Преспа и да извикаме Македонија е грчка“.

-Сите Грци на Синтагма за Македонија, во недела 20 јануари во 14 часот ја водиме наголемата битка. Сите ја преземаме нашата одговорност пред историјата. Присутни сме на големиот собир. На Синтагма во недела во 14 часот, сите Грци ќе бидеме таму, пред грчкиот Парламент за да го поништиме предавничкиот договор од Преспа и да извикаме Македонија е грчка. Никој да не отсуствува, повикуваат организаторите.

Исто како и за минатогодишниот протест, така и сега, организиран е превоз од сите делови на Грција, а трошоците се на товар на самите граѓани. Организаторите велат дека само од северниот дел на земјата очекуваат над 3.000 автобуси, а нивните проценки се дека од 150 до 200 илјади граѓани во Атина ќе стигнат со автобуси.

Периферијата и општините од областа Централна Македонија, општини од други делови на Грција, митрополити од земјата, претставници од Света гора, политичари и пратеници од грчките партии, според најавите, го поддржуваат собирот и ќе учествуваат во протестот.

На присутните овој пат нема да им се обрати Микис Теодоракис, туку веројатно ќе биде прочитана негова порака. Но, познатиот грчки композитор преку отворено писмо што го објави весникот „Та неа“ им се обраќа на грчките пратеници во пресрет на ратификацијата на договорот и ги повикува да не „сторат криминал врз Грција, бидејќи штетата што ќе се предизвика ќе биде непоправлива“.

Еден час пред официјалниот старт на протестот, на помалку од еден километар од грчкиот Парламент, анархистички и антифашистички здруженија и групи организираат контра собир против „националистичките протести“.

Според грчките медиуми, се очекува денес Атина да биде под драконски безбедносни мерки за да се избегнат било какви инциденти. Ќе бидат ангажирани над 1.500 полицајци, дронови и хеликоптери.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Стотици автобуси со знамиња со Александар и сонцето од Вергина и тапани тргнаа за Атина на протест за името Македонија

„Тајните на Преспа“, „Во стапицата на Преспа“: Договорот за името осамна во грчките медиуми, 66% од Грците велат OXI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Орбан се сретна со Путин, словачкиот премиер сакал да им се придружи, ЕУ бесна

Редакција

(Видео) Кој стои зад измамата во „Нефа мебел“ која ја тресе Србија и Македонија?

Редакција

(ВИДЕО) „Ураган“ од три прекрасни девојки: Само Србија од екс југословенските републики влезе во финале на Евровизија

Редакција