еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Грчки пратеник: „Грчка Македонија стана грчка со размена на население“

Уште едно обраќање за време на дебатата за ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент, предизвика големо внимание и во Грција и Македонија, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.

Обраќањето на пратеникот на СИРИЗА и новинар, Никос Филис беше засенето од говорот на грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој меѓудругото за прв пат во историјата на грчкиот Парламент, зборуваше за Егејците и букварот на македонски јазик, издаден во Грција во 1925 година.

Никос филис отворено кажува – Беломорска Македонија со сила стана грчка.

Posted by Беломорска партија – Belomorska partija on Петок, 25 јануари 2019

Филис во својот говор рече дека: „Македонија не е една и грчка. Грчката Македонија е грчка. Има повеќе Македонии…“

Она што предизвика посебно внимане од неговиот говор беше неговото објаснување дека денешната територија во Грција која се нарекува Македонија (и географски е најголемиот дел од територијата Македонија), станала грчка со размена на население (овој дел од говорот го имате во видеото преведено на македонски јазик).

„По население (грчка) Македонија до 1912/13 и 1921/22 година, кога дојдоа бегалците (од Мала Азија) немаше грчко мнозинство, само одредени зони на југ. Значи стана грчка со размена на население. Ако е така, со грчки потпис, а не со моето тврдење тука, кон што водат извиците дека: „Македонија е една и грчка“? Со кого си играме мајтап? Со самите себе?“, праша меѓудругото во својот говор Филис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Новинар на грчка ЕРТ3 стана топ тема во Грција, оти Македонија ја нарече Северна Македонија

Како изгледа букварот на македонски јазик, што Ципрас го спомна во грчкиот Парламент

Зошто Егејците плачеа на говорот на Ципрас: Трагедијата си ја носат со генерации

Која била Мирка Гинова која Ципрас ја спомна во својот говор во Парламентот

Фото: inzone.gr/видео: Беломорска партија – Belomorska partija/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема одложување, ни промена на моделот: Учебната година ќе започне со физичко присуство на учениците

Редакција

Бајден до Заев: Очекувам интензивна соработка на прашања од интерес на двете земји и двата народа

Редакција

(Фото) Знамето на НАТО кренато пред Влада

Редакција