Поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, кој избега во Унгарија, каде доби политички азил во интервју за телевизијата Сител ги потврди досега познатите факти за неговото бегство.
Но, не сакаше да одговори на прашањето како ја напуштил Македонија, легално или нелегално.
Рече дека тоа го направил многу едноставно, но како нека откриле македонските власти.
“Ова ќе го оставам за актуелната влада, бидејќи најавија дека отвориле истрага и дека ќе откриеле се“, рече Груевски.
Потврди дека за да стигне до Унгарија ја користел личната карта, а кога стигнал во Албанија побарал политички азил во Унгарската амбасада во Тирана.
Во Унгарија, како што е веќе познато влегол со документ од Унгарската амбасада.
Целтото интервју, прво по неговото бегство, на телевизија Сител ќе биде објавено во вестите во 19 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Еден ден ќе се вратам“, порача Груевски
Груевски во Будимпешта живеел кај пријатели
Груевски: Планирав да одам во затвор, но избегав бидејќи ми се спремаше ликвидација таму
Власта не ми помогна да избегам, вели Груевски
Фото: Фејбук/Груевски