Потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денеска ги објави пријавените кандидати за претседател на државата, кои се јавиле на огласот на ВМРО-ДПМНЕ.
На огласот се јавиле:
Никита Шекутковски, Доктор на математички науки и редовен професор на Природно математичкиот факултет во Скопје, член на Институтот за математика.
Ѓорѓи Манасков, машински инженер и претседател на Стопанската комора за енергетика на Македонија.
Васко Костов, фармацевтски техничар.
Влатко Ѓорчев, правник, пратеник во Собранието на Република Македонија и член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Гордана Силјановска Давчева, редовен професор на правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, член на Институтот за правни и политички науки, катедра за уставно право и политички систем.
Илија Димовски, професор во пензија на Шумарски факултет при УКИМ во Скопје.
Филип Петровски, Д-р на политички науки и поранешен директор на Државниот Архив на Република Македонија.
Горан Ангелов, правник, поранешен градоначалник на општина Виница во два мандати и Претседател на ЗЕЛС во еден мандат.
Сашо Кутлешовски, Д-р по земјоделски науки.
На огласот на ВМРО-ДПМНЕ се пријавиле 10 кандидати, но една од кандидатурите е отфрлена, бидејќи не бил запазен рокот.
Кој ќе биде кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ на престојните избори ќе се одлучува на Конвенцијата на партијата на 16. февруари во Струга.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Филип Петровски, вториот официјален кандидат за претседател на државата
(Видео) Влатко Ѓорчев -„Тоти“ со спомен кон Борис Трајковски ја почна кампањата за претседател