еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Драган Миновски, директорот на ЕЛЕМ, која стана топ тема поради вработувањата на лица блиски до функционери

Во серијал, еМагазин ќе Ви го престави раководството на енергетските државни компании, ЕЛЕМ и МЕПСО, кои станаа топ тема во јавноста поради вработување на лица блиски до актуелни функционери.

Кој раководи со ЕЛЕМ?

За се што се случува во било која компанија, логично и законски е најголемата одговорност да ја има лицето кое раководи со истата.

Во случајот на ЕЛЕМ станува збор за Драган Миновски.

Кој е Миновски?

Роден е во 1980 година во Скопје.

Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Скопје, насока електроенергетика во 2004 година.

Од 2005  година, како стипендист на словачката и македонската Влада, заминува на постдипломски студии во Република Словачка, на словачкиот технички Универзитет во Братислава на Факултетот за електротехника и информатички технологии.

Во 2009 година успешно ја брани докторската дисертација на тема: “Влијанието на обновливите  извори на електрична енергија врз системските услуги во електроенергетскиот систем и функционален модел на пазар на системски услуги и регулациона енергија во Република  Македонија” – истражувања на словачкиот и македонскиот електроенергетски систем.

Според неговата биографија, Миновски професионалната кариера ја започнува како помлад соработник во Министерството за економија.

По завршување на докторските студии во Република Словачка, во 2009 година се враќа во Македонија и ја продолжува својата професионална кариера во ТЕ-ТО АД Скопје.

Таму најпрво работи како проект инженер при градба на електраната, а по нејзиното пуштање во  употреба продолжува да работи како водечки аналитичар за купопродажба на електрична енергија, топлинска енергија и природен гас.

Од 2015 до мај 2017 година е комерцијален директор во ТЕ-ТО.

Паралелно од 2011 до 2015 година е ангажиран како доцент на Електротехничкиот факултет при Универзитетот Гоце Делчев во Штип, а од 2015 година до мај 2017 година е избран во насловно  звање вонреден професор.

Од јуни 2017 година, својата професионална кариера ја продолжува на Електротехничкиот факултет при Универзитетот Гоце Делчев во Штип, каде е избран за вонреден професор.

Главни подрачја на неговата научна преокупација се: производството на електрична енергија, обновливите извори на енергија, како и пазарите на електрична енергија и природен гас.

Автор е на преку 30 стручни и научни трудови кои биле објавени во земјата и странство, како и коавтор на повеќе студии објавени во Македонија и Словачка.

Зборува англиски, словачки и чешки јазик.

Миновски е оженет со Александра Миновска со која има две деца.

Фото: Телма

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски

„Која мајка изгубила син… у МЕПСО и ЕЛЕМ ќе си ги најде“: Твитер „прегреа„

Партиско дувло: Бројот на вработени во ЕЛЕМ се зголемил за речиси 1.000 лица од 2009 до 2018 година

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заразените од корона вирусот и лицата во самоизолација ќе гласаат од дома на 13 јули

Редакција

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Редакција

По којзнае кој пат, оштетена спомен-плочата кај Карпалак

Редакција