Учителот Седат Казими од селото Ласкарци, кој беше помеѓу првите кои истрчаа на помош на повредените во автобуската несреќа, успеа да ја најде патничката на која ѝ помогнал да преживее под автобусот кој се преврте кај Ласкарци. Само да биде жива Јасмина – била неговата најголема желба.
Тој го молеше министерот за здравство Венко Филипче да му помогне да ја најде жената.
„Неколку денови безуспешно барал информации низ болничите ходиници, а всушност не ѝ го знаел ниту името. Поради тоа, Садет преку медумите побара од мене да му помогнам да ја пронајде. Во Градската општа болница „8 Септември“, Садет со моја помош ја најде Јасмина. Бев сведок на емотивен момент на кој што млада девојка се најде лице в лице со човек што ѝ го спасил животот“, напиша Филипче на неговиот фејсбук-профил.
Садет рече дека никогаш нема да заборави како ја молел да ѝ помогне.
„Беше заглавена под автобусот веднаш до човекот на кого му помогнав. Ми зборуваше на македонски и ме молеше да ѝ помогнам. Успеав да ѝ ја скинам јакната за да ѝ се олесни дишењето, ѝ дадов малку вода и ѝ го измив лицето. Потоа во мешаницата не знам што се случи со оваа жена. Навистина би сакал да знам дека е добро и дека безбедно стигнала дома. Можеби затоа што не можев повеќе да и помогнам, постојано ми е во мислите“, вели Седат.
фото: Фејсбук-профил на Венко Филипче
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина уште едно лице: 15 жртва на автобуската несреќа кај Ласкарци
„Дурмо турс„ сам на себе си правел технички преглед: Лавина од реакции на социјалните мрежи