еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Прогласена епидемија на морбили во Општина Струга

Прогласена е епидемија на мали сипаници или морбили на подрачјето на Општина Струга, информира денеска на прес-конфереција Јованка Сурлакова – Коровешовска епидемиолог во Центарот за јавно здравје – Охрид.

Во подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Струга до вчера биле регистрирани 24 заразени од морбили, а денеска немало нови случаи, но, како што истакна, Сурлакова – Коровешовска заради зголемениот број пријавени болни во периодот од 18 февруари до 25 март прогласена е епидемија.

– Прогласувањето на епидемијата е апел до родителите да ги вакцинираат своите деца според вакциналниот календар. Најдобра заштита од овие заразни заболувања е вакцинацијата, порача Сурлакова – Коровешовска.

Во случај на епидемија, додаде, се препорачува зголемена дезинфеција на здравствените установи, училиштата и градинките и проветрување на просториите, забранета посета на болните во болницата и лична заштита на здравствените работници.

Освен шестте дечиња до 12 месеци, кои не подлежат на вакцинација, според календарот за имунизација, останатите пациенти се вакцинирани со една или две дози на МРП вакцина.

– Најголем број од заразените се на возраст од 40 до 49 години, меѓу кои има и здравствени работници, што и се очекуваше. Нема деца од училиште и градинка. Сите пациенти се со лесна клиничка слика. Ниту еден не е хоспитализиран. Хоспитализирани беа само малите деца, изјави епидемиологот Сурлакова – Коровешовска.

Епидемиолозите очекуваат нови заболени во наредите 10 до 12 дена, период кој е потребен за инкубација на вирусот.

– На заболените им се прегледува вакциналниот статус, но и статусот на неговите контакти, кои доколку не се вакцинирани се вакцинираат и на тој начин се заштитуваат. Најважно е секој болен да биде изолиран и на тој начин спречуваме да не се шири заразата, посочи Сурлакова – Коровеповска.

Во општина Дебар, која е под Центарот за јавно здравје Охрид регистрирани се 18 заболени од морбили и доколку бројот се зголеми до петок ќе биде прогласена епидемија, а во Охрид има само три регистрирани случаи. Степенот на имунизација против морбили во овие општини е висок.

Во Струга и Дебар е 95 проценти, а во Охрид 89 отсто.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екипата на „Медена земја“ со впечатоци: Оскарите ни се случуваа секој ден во Лос Анџелес

Редакција

Mеханизам против дискриминација на инвеститорите, договори Работната група за економија на Македонија и Бугарија

Редакција

(Фото) Тактилни слики за лицата со оштетен вид во „Спомен куќата на Тодор Проески“: Затоа што Тоше е чувство

Редакција