Прво партиски консултации, па продолжување на разговорите на лидерско ниво за зајакнување на капацитетите на институциите во Владата, е договорот од средбата меѓу лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети.
Како што соопшти владината прес-служба на средбата во Владата, што траеше околу еден час и 30 минути, а со која започнаа разговорите за детектирање одредени слабости кај дел од функционерите од извршната власт договорено е дека ќе следуваат консултации во двете политички партии на чие чело се двајцата лидери, по што разговорите ќе продолжат.
-Целта на овие иницијативи е обезбедување кадровски решенија за зајакнување на капацитетите на институциите, во насока на исполнување на подобри резултати на економски план и исполнување на очекувањата на граѓаните, се истакнува во соопштението на Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Средба Заев и Ахмети за „метлата“ во Владата
Фото: Влада