Новинарите Фуркан Салиу и Борјан Јовановски на своите твитер профили бараат оставка од генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, оти во објавената аудио снимка користи навреди за Ромите и Италијанците.
Рашкоски на денешната прес конференција, потврди дека на аудио снимката е неговиот глас, се извини за навредите, но не поднесе оставка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рашковски најави правна разврска за набавката на радарскиот систем, нема да поднесе оставка
Генералниот секретар Рашковски ќе тужи партии, новинари и медиуми
Aaaaaaaaa#Рашковски треба да си поднесе оставка затоа што ги навреди Ромите и Италијанците, а за евентуалните злоупотреби надлежно е #ОЈО #Оставка pic.twitter.com/cQxEt4u7tC
— FurKlan (@FurkanSaliu) July 2, 2019
Извинувањата до "небо" не може да го спасат генералниот секретар на Влада од неговата морална и политичка одговорност за непристојниот вокабулар користен во однос на други етнички заедници и нации. #оставка
— Borjan Jovanovski (@BorjanJovanovsk) July 2, 2019
Фото: Влада