еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Детален преглед: Какви субвенции се предвидуваат со измените на законот за возила?

Во Собранието помина предлог законот за изменување и дополнување на законот за возила со кој се воведуваат и програми за субвенционирање на дел од трошоците за: купување на возила на електричен погон или хибридни возила, за вградување на уреди за погон на ТНГ или друг вид на алтернативно гориво и за купување на ново возило со одјавување на старото возило.

Министерот за економија Крешник Бектеши неодамна соопшти дека сите граѓани што имаат возила со стандард ЕУРО 2 и 3 ќе можат да се откажат од тие возила и да купат возила со стандард ЕУРО 5  и нагоре, со субвенции од државата.

Тој додаде дека за возило чија вредност нема да надминува 10 до 12 илјади евра, субвенцијата е до 3.000 евра. Бектеши посочи дека граѓаните ќе може да го заменат старото возило и на автоплацевите каде што се продаваат увезени половни автомобили, под услов тоа да има најмалку ЕУРО 5 стандард.

Во законот пишува дека со програмите за субвенционирање предвидено е од буџетот да се одвојат се финансиски средства во износ од 170.000.000 денари во 2019 година односно околу 2,7 милиони евра, 245.000.000 денари во 2020 година и 320.000.000 денари во 2021 година.

Инаку, со овој закон се воведува еколошка категоризација на возилата и во зависност од годината на производство и европските Еуро емисиони стандарди на нивните мотори. Се добива еколошка налепница во три бои (зелена, жолта и црвена) за секое возило кое е во сообраќај на патиштата.

Целиот закон ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Многу кандидати за субвенциите од 2,7 милиони евра: Дури 269.000 возила се постари од 18 години

(Видео) Бектеши за Алсат-М: Возилата кои ќе се субвенционираат треба да чинат околу 12.000 евра и не мора да се нови

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Таравари заплашува со радикализација на Албанците, ако Бугарите не влезат во Уставот

Редакција

(Фото) Нова алтернатива за Македонија: Во Александруполи започна изградбата на терминалот за течен гас

Редакција

Прекршочна постапка за кочански „Пејпер мил“ за повторно аерозагадување

Редакција