Аудио и видео снимките кои ги објави италијанскиот весник La Verità, на кои се гледа како осомничените за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски (Боки 13) и Зоран Милески (Зоки Кичеец), земаат пари од бизнисменот Орце Камчев го обиколија регионов.
Бројни медиуми ги пренесуваат истите, а најмногу интерес предизвикаа во соседна Србија, каде Боки 13 е добро познат.
„Протекоа снимки: Боки 13 со мито во торба“, “Италијамски весник објави снимка со Боки 13 во куќата на бизнисменот Јордан Камчев“, “Скандал ја тресе Македонија: Боки 13 во Луј Витон торба носи рекет од милион евра“… се само дел од насловите во медиумите во Србија, Хрватска, Бугарија, Косово, Албанија, Словенија…
Медиумите информираат детално и за случајот “Рекет“ на Јавното обвинителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Новинарот кој објавува материјали за „Рекет“ се сликал со Иванов, еми Боки со кој се не се сликаше
(ВИДЕО) Нова „бомба“ од “Ла Верита“: Катица наводно му вели на Камчев дека се ќе биде ОК
Видеото со Боки 13, Кичеец и Камчев руши рекорди, има над половина милион прегледи
Фото: La Verità