еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Димитров: Ниту сум имал средба, ниту фотографија, а уште помалку меморандум со Боки 13

Да бидеме начисто, бидејќи има премногу „сите“: јас ниту сум имал средба, ниту фотографија, а уште помалку меморандум со Боки 13. Ова се разбира само по себе не е ни за фалење де, освен што изгледа сум имал правилно претчувство што пропуштам, напиша на својот Фејсбук профил министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Во неговиот пост тој вели дека „Рекет“ има за цел да го дискредитира Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

„Нападот на Собранието, најцрниот ден на македонската демократија, беше за да се избегне одговорност за снимките како индиции за масовна злоупотреба и планина од криминал. Да и’ се избега на правдата. Бојкотот на референдумот имаше иста цел. Да се факторизираат пратениците, за да се тргува со одговорноста. Да и’ се избега на правдата.

Дискредитацијата на СЈО преку аферата “Рекет” повторно е на истата линија. Да и’ се избега на правдата, напаѓајќи ја институцијата специјално формирана токму да испорача правда. До тука имаме континуитет на политичка агенда на неказнивост или со правен израз – повторување на (не)делото“, напиша Димитров.

Целиот пост ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште 30 дена притвор за Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец

Кај се парите кои ги изрекетирале Боки 13 и Кичеец?

ОК, Катица го договарала Камчев за соработник-сведок, а Боки 13 во која улога е во приказната?

Дечки, “мрачните сили“ не отидоа по рекет кај Камчев, Боки 13 беше 

Сведок или соучесник: Каков ќе биде статусот на Катица Јанева во „Рекет“?

Фото: Фејсбук/Никола Димитров

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија ќе купи хеликоптери од италијанската компанија “Леонардо“

Редакција

Утврдени лажни фактури во увозот на пелети

Редакција

Судењето за „Монструм“ одложено поради смртен случај на еден од поротниците

Редакција