еМагазин
Image default
Македонија

Се преслушуваат 25 снимени разговори на новото рочиште за „Монструм“

Со преслушување на снимени разговори, во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи новото рочиште за судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, познато како предмет „Монструм“ на Специјалното јавно обвнителство (СЈО).

Во тек е преслушување на 25 разговори и 133.000 СМС пораки и други материјали. Првиот пуштен разговор во судницата е снимен на 13 април 2012 година.

Пред почетокот на преслушувањето, обвинителката Фатиме Фетаи изјави дека разговорите се предадени онака како што ги добиле.

„Не смееме да ги раздвоиме. Како што ни се дадени од премиерот Зоран Заев, така ги предадовме, за да не биде дека нешто пропуштаме“, истакна Фетаи.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да бидат изведени околу 3.900 разговори, кои беа предложени како дополнителни докази од СЈО.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фетаи на рочиште за „Монструм“: Борбата за правда продолжува

Ново рочиште за „Монструм“ со старите обвинители Фетаи и Бубевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 154 случаи на Ковид-19 од 1.967 тестирања

Редакција

Во државата живеат околу 500 лица со ХИВ, секој трет не го знае статусот

Редакција

Сведочењето на загрозениот сведок за насилството во Собрание ќе продолжи утре

Редакција