Министерката за одбрана и вицепремиерка, Радмила Шекеринска на нејзиниот Фејсбук-профил реагираше на објавената „бомба“ од страна на Ел Чека, во која се слуша како таа зборува со Фатмир Бесими од ДУИ во врска со гласање на членови во ДИК за локалните избори во 2013 година.
„Малку се залетаа. И самите покажаа колку не сме исти. „Бомбава” само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив: тие се закануваат, ние бараме принципиелно да се гласа; тие крадат, ние бараме да не се крадат победите. Да се признае победата чесно и принципиелно.
За жал, ништо не им беше свето и на државата и го приредија срамот со трите прегласувања на локалните избори 2013. Можете уште еднаш да се уверите: не сме исти!“, напиша Шекеринска на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Влада