еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

АЕК ќе ги блокира повиците од странските непознати броеви и апелира граѓаните да не одговараат

Телекомуникациските оператори ќе ги блокираат броевите од кои што, кон домашни корисници од претпладнето има голем број неидентификувани повици од странство и во текот на денов таквите повици ќе престанат, изјави за МИА, директорот на Агенцијата зе електронски комуникации, Сашо Димитријовски.

Тој апелираше до граѓаните, да не одговараат на таквите повици што се регистрирани од корисници на двата мобилни оператора Македонски Телеком  и А1.

Димитријоски најави дека службите на АЕК ќе одржат состанок со мобилните оператори, како и дека наскоро на веб-страницата на АЕК ќе биде објавено соопштение со конкретни насоки.

– Ова се злоупотреби што се случувале и во минатото, вакви јавувања имаше и минатата година. Совет до граѓаните е да не се јавуаваат, а операторите ги регистрираат броевите, ги блокираат и повиците од нив ќе престанат во текот на денов, изјави Димитријоски.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Граѓаните вознемирени од непознати броеви од странство, Ременски се сомнева на разузнавачка операција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пилотите во пензија, нема кој да гасне пожари

Редакција

243 се реинфекции: 1.913 нови случаи на Ковид-19 од 7.219 тестирања

Редакција

Топ пет највисоки просечни плати: Програмерите, воздухопловците и фармацевтите на врвот

Редакција