Додека се уште се води судскиот случај за предметот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), „Таргет-Тврдина„, кој меѓудругото треба да покаже кој прислушувал нелегално над 20.000 граѓани, државниот јавен обвинтел Љубомир Јовески ни соопшти дека од 30 септември 2016 година до сега се прислушувани сите фиксни броеви од телефонскaта централа во Јавото обвинителство на Република Македонија и во два хард диска се снимани сите комуникации.
Во оваа зграда се сместени Основното, Вишото и Републичкото јавно обвинителство.
Ќе се истражува и дали се снимале разговори во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција кое е сместено во друга зграда.
Подоцна премиерот Зоран Заев, дополнително ја стресе јавноста откако соопшти дека биле прислушувани сите фиксни телефони и во Основен суд Скопје 1, а како што рече истрагата ќе покаже дали ваков систем за прислушување бил поставен и на друго место.
Или сумирано со месеци биле прислушувани обвинители, судии, судски службеници, истражители, стручни соработници…
Ако на оваа додадеме дека со претходната мега афера со т.н. „бомби“ кои на времето ги објави Заев, додека беше опозиционер, излезе дека биле прислушувани премиер, политичари, министри, високи државни функционери, директори, адвокати, новинари, бизнисмени, обични граѓании… логично е да се постави прашањето кој тоа не бил прислушуван во Македонија?
Нема дилема оваа се многу сериозни пропусти за една држава и истите ќе имаат долгорочни последици.
Затоа надлежните институции треба што побрзо да ги лоцираат виновниците и тие да се најдат таму каде што им е местото, а за во иднина да се применуваат механизми кои ќе спречат вакви злоупотреби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Да не „бомбардира„ и Груевски од Унгарија
Аферата со прислушувањето на обвинителите отвара дилеми: Кој стои зад „Големото уво“?
Твитер „полуде“ за прислушувањето на обвинителите: „Се кладам дека биле СЈО“
Фото: commons.wikimedia.org