еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Алијанса за Албанците: Актуелното мнозинство докажа на кој начин останува на власт

Денеска беше денот кога паднаа сите маски, кога сегашниот режим се самопотврди, кога сите сведочевме и сведочиме кои сме и за што сме, стои во синоќешното соопштение на опозициската Алијанса за Албанците, откако поради немање кворум не се гласаше за (не)доверба на Владата, отако пратеникот на Беса, Катриот Реџепи информираше дека нема да дојде во Собрание.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Абе не ви текна уште еден у скафандер да пратевте као демек Реџепи е“: Твитер реакции

Каков имот пријавил пратеникот на Беса, Реџепи, поради кој опозицијата не обезбеди кворум за одржување на седница за доверба на Владата

(ВИДЕО) Се јави Реџепи од Беса: Добро сум, се ќе раскажам кога ќе поминат заканите

“Денеска конечно беше делегитимиран хибридниот режим СДСМ-ДУИ, кој сега нема законитост со само 59 гласа и пратеник кој се уште е во мистериозни околности.

Денеска се потврди дека граѓаните и опозицијата имаа право кога инсистираа на рушење на овој режим, кој се повикува на ЕУ со антиевропски механизми.

Овој режим денес докажа на кој начин останува на власт; со притисоци, закани и уцени!

Но, овој режим нема да опстане и покрај секоја акробација што ја прави!“, стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата на Зоран Заев преживеа

Опозицијата бара брзи предвремени парламентарни избори, нема да се повлече иницијативата за гласање доверба на Владата

Фото: Фејсбук/Села

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рекордни бројки: Референдумот ќе го следат 11.907 домашни и 493 странски набљудувачи

Редакција

Трогателно сведоштво и апел на Македонка од Милано: „Не го потценувајте корона вирусот, тука веќе нема место во болниците“

Редакција

Г.г Стефан бара извинување од МТВ1 зашто наместо „Архиепископ Охридски и Македонски“ бил преставен како „Архиепископ Охридски“

Редакција