еМагазин
Image default
Македонија

Јанакиески донесен од затворот „Скопје“ на судењето за рушењето на „Космос“

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска од затворот „Скопје“ беше донесен во Кривичниот суд на ново рочиште за случајот „Т.Н.Т“ на Специјалното јавно обвинителство за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски.

Јанакиески во судот беше внесен преку гаражата во придружба на затворска полиција.

Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски вчера беа приведени и пренесени во затворот „Скопје“ во Шутка. Одлуката за приведување ја донел Кривичниот суд на барање на Специјалното јавно обвинителство.

Јанакиески е обвинет во неколку предмети на СЈО за кои се водат судски постапки. Неговото приведување следува по бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија каде што побара политички азил.

Меѓу обвинетите за уривањето на „Космос“ се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски ги остави на цедило Јанакиески, Божиновски, Јанкулоска…

Притвор од 30 дена за Миле Јанакиески и Кирил Божиновски

Јанакиески за ТВ21: Нема да бегам, најостро го осудувам бегството на Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Муареми најави кривични за обвинителките Русковска, Трајчева и Јосифовска

Редакција

Бугарите со се повисоки „ниски удари“: Македонски јазик не постоел до втори август 1944 година

Редакција

И друго бугарско здружение во Македонија загрижено за Бугарите во земјава

Редакција