еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Апасиев се заканува со кривична за биолошки тероризам, оти болната од Ковид-19 пратеничка отиде во Собрание да гласа

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, се заканува со кривична за биолошки тероризам, оти болната од Ковид-19 пратеничка на СДСМ, со возило на Брза помош, отиде во Собрание да гласа.

По вчерашната најава од СДСМ, дека нивни пратеници ако треба и во скафандер ќе одат во Собрание да гласат за државната помош за граѓаните и компаниите, тој на Фејсбук најави кривична.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Пратеничката на СДСМ, болна од Ковид-19 во скафандер отиде да гласа во Собрание

“Ако власта се дрзне да донесе заразени пратеници од карантин на пленарна седница, ќе попие кривична пријава за БИОЛОШКИ ТЕРОРИЗАМ и некој ќе си го крка, фино-лепо, по падот на Режимот“, напиша тој на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Присуството на пратеници со Ковид-19 во Собранието е според сите протоколи, велат од СДСМ

Ако пратениците со Ковид-19 дојдат во Собрание ќе ги прекршат законите за заштита на јавното здравје, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Денеска нов обид во Собранието да се донесе петтиот пакет антикризни мерки

Фото: Апасиев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за економија вработува 34 службеници

Редакција

Не Ви го честитамe 8. Март: Во повеќе од 34 општини нема ниту еден гинеколог

Редакција

Убава вест: Оздравени 2.322 болни од Ковид-19

Редакција