Апелацискиот суд Скопје ја одби како несонована жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за случајот „Поткуп“ во кој беше обвинет премиерот Зоран Заев и ја потврди ослободителната пресуда на Кривичниот суд.
-Апелацискиот суд Скопје постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-27/18, во јавноста познат како „Поткуп“, по одржана нејавна седница, донесе пресуда со која жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, ја одби како неоснована и ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1 Скопје КОК.бр.62/16 од 21.05.2018 година, соопшти денеска скопска Апелација.
Вака донесената одлука, како што се наведува во соопштението, ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.
Премиерот Заев беше обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев за продажба на државно градежно земјиште.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груевски му честиташе на Апелацискиот суд за Заев: Каква храбра и неочекувана одлука!
(ВИДЕО) Снимката на Заев за „Поткуп“ се уште се „врти“ на You tube