На интернет осамнаа нови „бомби“, поставени на руската социјална мрежа vk.com, (ВКонтакте), а зад објавата потпишан е извесен „Илија громовник“.
Четирите разговори се насловени со имињата на личностите за кои се тврди дека се на аудио снимките.
Новите „бомби“ според објавата, наводно, се однесуваат на поранешниот премиер и претседател на Македонија и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, актуелниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, поранешниот министер за внатрешни работи и професор Љубомир Фрчковски, аналитичарот Алберт Муслиу…
Линк до аудио разговорите ОВДЕ.
За сега нема реакции од МВР, Специјалното јавно обвинителство и други институции, за тоа од каде се овие „бомби“, како завршиле на интернет и дали станува збор за нови прислушувани материјали или се дел од постоечките.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(АУДИО) На You tube има уште две нови „бомби„
Некои чудни „бомби“ на два дена пред избори: Кој е Илија Громовник?