За неколку дена истекува рокот во кој Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција треба да подигне обвинение за случајот “Рекет“, кој е топ тема со месеци.
Во случајот за сега се осомничен Бојан Јовановски – Боки 13, кој е во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, Зоран Милески, кој е во домашен притвор и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која исто така е во притвор во затворот „Скопје“.
Изминативе месеци се шпекулираше на големо за инволвираност во случајот и на други обвинители, судии, адвокати, но и политичари.
Дали евентуалното обвининение, за кое треба да одлучи дали ќе го покрене Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, но и евентуалното судење кое треба да следи по истото, ќе исфрлат нови имиња останува да видиме.
Во Обвинителството периодов исказ даваа неколку обвинители и вработени во поранешното Специјалното јавно обвинителство (СЈО), бизнисмени, пратеници, дел од раководство на невладината Меѓународен сојуз на Боки 13…
Сепак јавноста не доби одговор на едно од клучните прашања: каде завршија 1,5 милион евра „изрекетирани“ од бизнисменот Орце Камчев, кој е жртва-сведок во „Рекет“.
Треба да се напомение и дека истрагата за „Рекет“ исто така често беше мета на критики во медиумите и во јавноста, посебно како во истата беше третирана Јанева, која беше на одмор во Грција, откако во затвор завршија Боки 13 и Милески, а откако се врати од летување, за да биде приведена се чекаше обвинителите од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да се вратат од одмор.