Има ли финансиски проблеми најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ е главното прашање што го поставува јавноста и партиското членство, а по објавата на лидерот на партијата Христијан Мицкоски дека се размислува за продажба или изнајмување на седиштето на партијата во центарот на Скопје, познато како „Белата палата“.
Уште едно прашање кое се наметнува е со колкав имот располага партијата и дали во иднина е можна распродажба за да се рационализираат трошоците.
Специјалното јавно обвинителство кога го претстави случајот „Талир“ соопшти дека од 2009 до 2015 година, потесното раководство на партијата прифатиле незаконски средства за финансирање на партијата во вредност од 4,9 милиони евра. Овие пари, наместо да се вратат во буџетот како што налага законот, биле искористени за незаконско финансирање на партијата.
Со овие средства, меѓу другото, биле склучени 71 договори за купување недвижен имот, а дел од овој имот не се користел за партиски, туку за приватни цели.
ПОВРЗАНИ ТЕКСТОВИ
Мицкоски: На продажба „Белата палата“ на ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО ДПМНЕ размислува да ја продава или изнајмува „Белата палата“: Колкава е нејзината вредност