еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Без напредок заврши средбата на Лавров и Кулеба во Анталија

Средбата меѓу украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров во Турција заврши без постигнат договор за хуманитарни коридори или прекин на огнот.

Кулеба рече дека ја покренал можноста за воспоставување хуманитарен коридор за да им се овозможи на цивилите да избегаат од опколениот град Мариупол, но „за жал министерот Лавров не бил во позиција да се посвети на тоа”.

На прес-конференцијата по состанокот што траеше час и половина, Кулеба рече дека 24-часовен прекин на огнот, исто така бил покренат со цел „да се решат најитните хуманитарни прашања”, но тој рече дека тие „не постигнале напредок” по ова прашање „бидејќи се чини дека постојат други носители на одлуки за ова прашање во Русија”.

Кулеба рече дека се согласиле да продолжат со напорите „да бараат решение за хуманитарните прашања на терен” и додаде дека е подготвен повторно да се сретне „во овој формат доколку има изгледи за суштинска дискусија и барање решенија”.

Русија е подготвена да ги продолжи разговорите со Украина во рамките на постоечкиот формат во Белорусија, изјави министерот за надворешни работи Сергеј Лавров по преговорите со неговиот украински колега.

„Денешниот состанок потврди дека руско-украинскиот формат во Белорусија нема алтернатива”, рече Лавров на прес-конференција по разговорот со Украинецот Дмитро Кулеба во Анталија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина одби да ги снабдува руските авиокомпании со делови

Русија нема повеќе да учествува во Советот на Европа

МИА/Фото: Украинско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Владата велат дека не планираат нова амнестија и измени во Кривичниот Законик

Редакција

Клиниките за кожни болести и за неврологија повторно стануваат ковид-центри, се отвара ковид оддел и во ГОБ „8 Септември”

Редакција

(Галерија) Во најчистата Словенија: Да се потсетиме колку е убаво, кога е се чисто

Силвана Жежова