Со одлука на надлежните јавни власти и со претходно одобрување за користење на хотел „Широк Сокак“ во Битола, од синоќа во овој град на контролирана изолација се група граѓани, повратници од Малта, најголем дел жители на овој град.
Во соопштение до јавноста, од Општина Битола информираат дека лицата кои се во контролирана изолација имаат постојан полициски надзор, на сите им е извршен лекарски преглед и неоправдани се реакциите на социјалните мрежи во врска со одлуката за нивно сместување во централното градско подрачје.
–Изолацијата која до сега беше во сопствените домови, како мерка е подобрена со изолација контролирана на ваков начин и со 24 часовен надзор, а тоа не остава можност за непочитување на мерката изолација. Никој од изолираните не претставува опасност за градот затоа што тие постојано ќе бидат надгледувани, соопштуваат од секторот за односи со јавност на Општина Битола.
Од тамошната локална самоуправа посочуваат дека треба да надвладее разумот и не е потребно стигматизирање на битолчани кои се контролирано изолирани во својот град, а се вратиле по престој во странство.
Како што е познато хотел „Широк Сокак“-Битола, со кој стопансисува хотел „Епинал“ во Битола, донесе одлука хотелот да го понуди на Министерството за здравство и ги отстапи своите сместувачки капацитети за формирање на државен карантин за населението со цел справување со пандемијата предизвикана од КОВИД-19.
МИА/Фото: Општина Битола
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
14 заболеле во болница: Бројот на здравствени работници со коронавирусот порасна на 21
Четири деца во Македонија се заболени со коронавирусот
Секојдневно се менува: Како изгледа мапата на заболени со коронавирусот во Македонија по градови