еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

БНР: Граѓаните на Македонија со постојана адреса во Бугарија повторно се на избирачките списоци, но не гласаат

Граѓаните на Република Северна Македонија со бугарско потекло и со постојана адреса во Бугарија се повторно на избирачките списоци, иако со години не гласаат, јави БНР од Благоевград.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, во делот во благоевградското село Бело Поле се запишани имињата на повеќе од 8.200 гласачи, за 1.600 повеќе од претходните парламентарни избори.

Според претседателите на секциските комисии Дора Зашева и Антон Василев, се работи за интересно преливање на македонски граѓани со постојана адреса во Бугарија во две соседни села во благоевградско.

„Сега има 1.590 гласачи, а на претходните избори имаше 3.200. На претходните избори на 11 јули беа 6.500 сега се 8.235. Де факто овие 1.600 луѓе од Рилци ги преселуваат во Бело Поле”.

Според локалните медиуми, по обемниот увид на обвинителството за нивната регистрација во селото Рилци, тие се намалени за 1.600, а за исто толку се зголемени во Бело Поле, како што може да се види од избирачките списоци.

Околу 25.000 македонски граѓани со бугарско потекло имаат постојана адреса во општина Благоевград, а во областа нивниот број, според неофицијални информации, е над 35.000.

Бидејќи не гласаат, тоа влијае само на излезноста, која досега е многу мала.

На претходните парламентарни избори во Бугарија на 11 јули, министерот за внатрешни работи на земјата, Бојко Рашков информира за отворени канали за купување гласови преку обезбедување на македонски државјани со бугарско потекло да гласаат на изборите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев: Преговорите со ЕУ не зависат од новата бугарска Влада, туку од Македонија

Борисов и Радев фаворити: Денеска парламентарни и претседателски избори во Бугарија

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ФОТО) Две третини од пратениците вакцинирани до 16 часот, вели Џафери

Редакција

Уставниот суд поведе постапка за Одлука со која е донесен ДУП од Советот на Општина Центар во 2014-та година

Редакција

И во Гостивар девет лица се затруле од храна од ист локал

Редакција