Поранешниот премиер и претседател на Македонија и поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски денеска слави роденден. Наполни 57 години.
Тој е роден на 12. октомври 1962 година во Сараево, Босна и Херцеговина.
Во текот на својата политичка кариера беше премиер на Македонија во периодот од 1992 до 1998 година и од 2002 до 2004 година, како и претседател на државата од 2004 до 2009 година.
Тој деновиве повторно беше актуелен во јавноста по сведочењето за случајот „Таргет-Тврдина“ на поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски, кој рече дека т.н. бомби уште во 2010 година стигнале и до рацете на Црвенковски.
Црвенковски неодамна беше и во фокусот на Антикорупциската комисија, која бара укинување на привилегиите на поранешните претседатели на Македонија.
Фото: Влада