еМагазин
Image default
Македонија

Бугарски и македонски интелектуалци: Рамковната позиција на Софија за преговорите со ЕУ на Скопје е понижувачка

Група интелектуалци од Република Бугарија и од нашата земја, преку отворено писмо изразија, како што се наведува, разочараност и длабока загриженост од објавената „рамковна позиција“ на бугарската влада за преговорите на Република Северна Македонија за идното членство во ЕУ.

-Го сметаме ова враќање на јазикот на национал-комунизамот за апсолутно недопустиво. Ги сметаме како разумни утврдените услови за забрзување на работата на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања и постигнување на побрзи резултати од неа, како и за поголем општествен одѕив од нејзината работа.

Го сметаме навистина наумесно, веќе постигнатите договори да се одразуваат во различни информативни табели со историска насоченост, во наставни програми во одредени дисциплини на училиште, на споменици, плочи, гробишта и сл., како и во изјави и коментари на државници, политички фигури и медиуми, поврзани со одразување на историски настани.

Заедно со тоа, не може да не констатираме дека целокупниот тон на таканаречената „рамковна позиција“ кон Република Македонија е недопустлив, се посочува во писмото.

Потпишано од историчари, економисти, политичари, новинари.., во него, се наведува дека се содржат редица загрижувачки и проблематични барања, како тоа за „заедничката историја до 1944“ година.

-Всушност, денешна Бугарија и денешна Северна Македонија се еднакви наследници на вековната култура и цивилизација. Затоа, ние го осудуваме поимот „кражба на историјата“, честопати користен од некои националисти од обете страни, се наведува во писмото.

Интелектуалците со критика и за барањето во учебниците во оригинал да се користат историските извори од 19-от и 20-от век.

-Со оглед на горенаведените хронолошки рамки, во овој случај очигледно е дека не станува збор за грижа учениците во Бугарија и во Македонија да се запознаат со оригиналните историски дела. Ова е насочено само кон едната од двете земји со нескриени подалечни цели, оценуваат потписниците на писмото.

Но, најзагрижувачко е, се додава, што рамковната позиција на бугарската Влада го потврдува потценувачкиот однос кон политичкиот и културниот идентитет на Република Македонија.

-Негирањето и понижувањето на македонската култура што се создаде во последните децении може само да поттикне омраза кон Бугарија. На овој начин, бугарската рамковна позиција, наместо да ги зајакне нашите односи, засновани врз нашата заедничка историја, ќе создаде нова поделба кон сомнежот и непријателството.

Сето ова е длабоко вознемирувачко и го доведува во прашање севкупниот развој на преговорите во иднина. Наместо да ставиме ултиматуми, би сакале уште еднаш да потенцираме дека треба да има поактивна бугарска политика, стои во деклрацијата.

Воедно, интелектуалците од двете држави прашуваат кога ќе има дописници за БНР и БНТ во Скопје, зошто не се прават заеднички проекти финансирани од Бугарија, колку години е потребно за да се направи железничката пруга Софија – Скопје, зошто да не гледаме бугарска телевизија во Скопје и македонска телевизија во Софија, со оглед што веќе е договорено.

-Изразуваме длабока загриженост дека повторно од чисто конјуктивни и евентуални предизборни размислувања, ризикуваме повторно да се постават на испит процесите, на кои беше поставен почеток пред повеќе од две години.

За нас, градењето стратешко партнерство со Република Северна Македонија е исклучително важно за утврдување на бугарските национални интереси и националната безбедност. Ги повикуваме водечките кругови во обете држави, како и членовите на Заедничката комисија, да се искачат на нивото што им го дава историјата и да не остават ни под разно двата братски народи и идниот заеднички живот во Европската Унија да бидат изгубени, се посочува во декларацијата потпишана од бугарски и македонски интелектуалци.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Този фашист не е фашист“: Твитер реакции за условите на Бугарија за Македонија за членство во ЕУ

Македонскиот идентитет во опасност: Додека да станеме членка на ЕУ, Бугарија и Грција ќе ни ја „извадат“ душата

До кога „браќа“ Бугари: Прошка треба да барате наместо нови услови

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Можно ли е со тајно гласање да се протнат уставните измени за промена на името?

Редакција

Обвинение за судијата од Управен суд, Мустафа Шахини

Редакција

Одлука на ВМРО-ДПМНЕ: Ќе дебатираат за амандманите, ама нема да учествуваат во помирувањето

Редакција